Поврзи се со нас

Гостивар

Страшно – Огнови ги голтаат шумите во гостиварско, месецов над 50 пожари

Објавено

на

Од почетокот на овој месец, Противпожарната единица на Гостивар имала дури 57 интервенции, од кои најголемиот дел биле на гаснење на шумски и полски пожари. Дека состојбата со пожарите е алармантна, може да се потврди со споредување на податоците од лани, кога во цел месец март, пожарникарите интервенирале 16 пати.

Изминатиот викенд, за само два дена пожарникарите гаснеле дури 24 пожари.

Апели за зголемена внимателност при движење на отворен простор и работа на нивите деновиве упатуваат Противпожарната единица, полицијата, Дирекцијата за заштита и спасување и други институции, но се чини дека тие наидуваат на глуво уво.

Дека опасноста може да биде голема, кажува и примерот со пожарот во атарот на селото Здуње. Таму огнот се проширил до трафостаница и постоел ризик да ја опожари. За среќа бил угаснат. Викендот што измина, пожари имало и кај селото Митрови Крсти, како и меѓу Речане и Вруток, а голема површина беше зафатена и во близина на Куново.

Надлежните потсетуваат дека граѓанска должност на секој поединец е најбрзо што може да пријави доколку забележи пожар на отворен простор. „Од брзината на јавувањето, содржината и точноста на информациите зависи и успехот на акцијата за гасење на пожарот.“, наведуваат од Дирекцијата за заштита и спасување.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Како гласаше Гостивар на изборите за пратеници

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Првични резултати од претседателските избори од 57,23% обработени гласови

ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Првични резултати на парламентарните избори од 40,7% обработени избирачки места

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Изјава на Дафина Стојаноска, носителка на листа од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ-6

ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Изјава на Талат Џафери, технички премиер

ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Изјава на Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Изјава на кандидатката за претседател на државава, Гордана Силјановска – Давкова

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 10 часа

Постигнат е цензус на претседателските избори, до 17 часот гласале 42,32% од избирачите

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена