Поврзи се со нас

Гостивар

Државата плаќа обука на невработени фризери и лични асистенти во Гостивар

Објавено

на

Невработени лица од подрачјето на Гостивар, имаат можност да се пријават во Работнот клуб на Центарот за вработување, за учество во обуки за побарувани занимања на пазарот на трудот, за кои ќе добијат месечен надоместок.

Конкретно се работи за обука за личен асистент на лица со попреченост, за што е потребно минимум средно образование и обука за основно ниво на фризер, за што е потребно завршено најмалку основно образование.

„Обуката ќе се реализира во период од 3 месеци, а по завршување на обуката кандидатите ќе изведуваат секојдневна практична работа во реални услови кај работодавачи во времетраење од еден месец. Лицата вклучени во обуките ќе добијат месечен надомест од 9.000 денари, со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионалан болест и данок на личен доход за времетраењето на обуката. Невработените лица кои ќе ја завршат обуката, практичната работа и успешно ќе го положат предвидениот испит, ќе се стекнат со Сертификат издаден од верификуваните спроведувачи на обука. На корисниците на паричен надоместок и на корисниците на правото на парична помош од социјална заштита, за времетраење на обуката не го губат ова право.

Крајниот рок за пријавување е 20 март, 2019 година.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 3 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 6 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 6 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена