Вести
Сугаревски: Реконструкцијата на патот Гостивар – Колари се одвива со забрзана динамика
Градежните работи за реконструкција на регионалниот пат Гостивар – Колари се одвиваат со забрзана динамика, изјави при денешниот увид во работите, министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски. Се работи за делница во должина од 28 километри, а инвестицијата е тешка 6,2 милиони евра. Од нив 4 милиони се наменети за реконструкција на патот, додека останатите за петте мостови.
„Во оваа прилика сакам да се обратам до сите граѓани кои го користат патот да имаат трпение. Од страна на изведувачот максимално се вршат активности, се со цел побрзо да завршиме. Имаме сериозно динамизирање на работите бидејќи рокот веќе беше еднаш променет. Сакам да најавам дека годинава со 1,4 милиони евра ќе биде реконструиран и патот Колари – Кичево, со што ќе имаме целосно реконструиран пат во регионот“, изјави Сугаревски.
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов изјави дека доколку продолжи да се работи со вакво темпо, очекува реконструкцијата да заврши кон крајот на октомври.
„Овој пат е насушна потреба на граѓаните од западниот дел на Македонија бидејќи е единствена патна врска што ги поврзува сите населени места од Охрид, Струга, Дебар, Кичево, Гостивар и Тетово. Оптимистички да кажам дека потешките работи се веќе поминати. Тие што поминуваат од тукаможе да забележат дека изведувачот работи и во вечерните часови под рефлектори, и иако според рокот треба да заврши до 15 номеври, јас верувам дека работите ќе бидат готови на крајот од октомври“, изјави Китанов.
Министерот Сугаревски рече дека со планираните санации на поголем број на регионални патишта во регионот, ќе се дојде до значително подобрување на патната инфраструктура.
На денешниот увид во работите на патот беа и заменик министерот за транспорт и врски Садик Беќири и директорот на Македонија пат, Гајур Кадриу.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар