Поврзи се со нас

Вести

Свечена академија за прослава на Денот на општина Гостивар

Објавено

на

 

Со доделување на плакети, прогласување на почесен граѓанин и културно-уметничка програма, општина Гостивар го прослави Денот на општината, 29 јуни. На Свечената академија која се одржа вчера попладне во Центарот за култура, присуствуваа високи државни и локални функционери, пратеници, претставници од верските заедници, гости од збратимените градови од Босна и Бугарија и граѓани.

Градоначалникот Невзат Бејта во својот говор се осврна на реализираните проекти во текот на изминатите година дена:

„Од јуни минатата година па досега, реализиравме над 40 проекти во инфраструктурата. Сакам да ја нагласам изградбата на новата улица и мостот на реката Вардар, како капитален проект и од витално значење за граѓаните на Гостивар и да го напоменам реасфалтирањето во населбата Дутлок. Изградивме и асфалтиравме десетици улици комплетирани со фекална и атмосферската канализација. Посебно внимание посветивме на зеленило, се засадија стотици дрвца по булеварите и главните улици на градот. Спроведовме проекти и во урбанизамот, образованието, дадовме поддршка на спортот“.

За почесен граѓанин на Гостивар, беше прогласен професорот Милаим Фејзиу, прв претседател на Сенатот на Универзитетот во Тетово. Плакети им беа доделени на младите гостиварци каратистот Берат Јакупи и инженерот Леарт Таравари.

На Свечената академија кусо обраќање имаа претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери како и претставниците од збратимените општини Смолен (Бугарија) и Стари Град (Босна).

Културно – уметничкиот дел од програмата беше исполнет со изведба на класични дела и хорски песни.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена