Поврзи се со нас

Македонија

Свечено отворени Струшките вечери за поезијата

Објавено

на

    Со музичко перформанс во изведба на култниот македонски музичар Џијан Емин, традиционалното палење на поетскиот оган и спектакуларен огномет вчеравечер свечено се отвори 62. издание на фестивалот „Струшки вечери на поезија“.

    Манифестацијата се одржа на платото пред Домот за култура „Браќа Миладиновци“ во присуство на бројни странски и домашни поети, како и на владини претставници и љубители на пишаниот збор.

    Поетската порака ја испрати македонскиот поет Милован Стефановски, која потенцираше дека Струга е светска престолнина на поезијата.

    „Ако само за миг замислиме, а имагинацијата е непрегледно бескраен небесен океан, дека е можно овде, во една ваква августовска вечер, одеднаш да бидат присутни сите што доаѓале во изминатата повеќе од шестдецениска традиција на СВП, сигурно дека би добиле население колку за уште една Струга. Би добиле неверојатно преклопување на стапките по тротоарите и патеките од двете страни на Дрим на многу познати и признати светски поетски имиња и стожерни великани (Рафаел Алберти, Лу Јуан, Андреј Вознесенски, Ежен Гилвик). Нивните стапки се преклопуваат со стапките на нашите македонски поетски гордости (Блаже Конески, Ацо Шопов, Матеја Матевски, Анте Поповски), но и на поетските перјаници на блиските соседни народи (Десанка Максимовиќ, Фатос Арапи, Љубомир Левчев, Јанис Рицос). Тоа е една само навидум невидлива, но живо присутна мрежа со поетска плетка што ја варди Струга и во исто време во нераскинлива традиција ги поврзува поетите со сите вљубеници и поклоници на убавиот поетски збор. Таа поетска плетка како во огледало има одраз на ѕвезденото небо над Струга“ – истакна Стефановски.

    Министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска им посака добредојде на сите гости на фестивалот, потенцирајќи, со зборовите на Влада Урошевиќ, дека можеби поезијата нема да го спаси светот, но е убаво додека ја има.

    „Ехото на Миладиновци е присутно и денес. И од година во година е сè погласно. Продолжи тоа ехо благодарение и на Струшките вечери на поезијата, создадени по промислата на величествените македонски современи автори чија визија нè крепи и по децении од нивното заминување. „Ние си одиме, а земјата останува“ – напиша чувствотворниот Блаже Конески и со својата скромност не допиша дека и делата остануваат„ – истакна  Костадиновска – Стојчевска.

    Музичарот Џијан Емин ја изведе нумерата „King Of Sopiste“, додека девојките од балетското студио „БАХ“ го запалија традиционалниот оган.

    Вечерта продолжи со поетското читање Меридијани, на кое настапија повеќмина автори од земјава и од странство.

    Во следните фестивалски дена на „Струшките вечери на поезијата“ ќе можат да се чујат околу 25 поети од странство и 40-тина од државата.

    Манифестацијата, која ќе трае до 28 август, се одржува под мотото „Чувствотворен јазик“.

     

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 4 дена

    9 мај – Ден на победата над фашизмот

    Македонијапред 4 недели

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Светпред 3 недели

    Рускиот претседател Путин објави велигденско примирје – запираат сите воени операции

    Видео емисиипред 3 недели

    ВИДЕО | Пчеларката Весна од Гостивар и нејзините вредни пчелки

    Што, како, каде?!пред 4 недели

    „Ла Шишко 3“ со повторно отворени врати за љубителите на слатки задоволства

    Гостиварпред 4 недели

    „Браќа Ѓиноски“ со Велигденски концерт на Велики Четврток

    Културапред 4 недели

    Изложба на фотографии со културното наследство на Гостивар – Да се знае, почитува и чува!

    Културапред 4 недели

    Да се претстават обичаите, да се задржи традицијата! Велигденски концерт со ора и песни во Гостивар

    Гостиварпред 4 недели

    Гостиварски театар ги подготвува претставите „Манијак“ и „Цилиндар“

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена