Вести
Свеченост за патрониот празник во ОУ „Гоце Делчев“
Гостиварското основно училиште „Гоце Делчев“ го прослави патрониот празник, 4-ти мај со пригодна манифестација и положување на цвеќе на бистата на револуционерот во холот на училиштето.
Културно уметничката програма беше исполнета со реферат, рецитации и музика подготвени од учениците и нивните наставници. Манифестацијата ја проследија голем број гости, родители, просветниот кадар и претставници од образовни установи и институции од Гостивар.
„На овој ден му оддаваме почит на нашиот патрон, визионер, национален херој, апостол и деец на македонското револуционерно движење. Горди сме на неговото дело и заложби за цивилизациски напредок“, рече директорот на училиштето Сашо Шарески.
Во ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар учат околу 1.000 ученици на настава на македонски и на албански јазик
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница