Поврзи се со нас

Гостивар

Света Литургија во Лазарополе и Молитва за татковината во Бигорски манастир на Илинден

Објавено

на

Свештената бигорска обител со традиционално одбележување по повод Втори август, Денот кога се слави споменот на светиот и славен пророк Илија, како и 120-годишнината од херојското Илинденско востание, информираа од манастирот.

„Централното трожествено празнување ќе се одбележи со Света архијерејска Литургија во прекрасниот преродбенски храм на Светиот великомаченик Георгиј Победоносец во село Лазарополе, која ќе почне во 9 часот. Со Литургијата ќе чиноначалствува нашиот старец и игумен, неговото преосвештенство епископ Антаниски г. Партениј“, додаваат од Бигорски.

Исто така утре ќе се одржи и Доксологија – молитва за татковината што ја востанови токму владиката Партениј.

„Свечениот чин на Доксологија – молитва за татковината и за покој на паднатите за слобода ќе се одржи во соборниот храм на Свештената Бигорска Обител и започнува во 14 часот, додека филхармонискиот концерт ќе почне во 20 часот. Честит Илинден и од Бога благослов. На многаја лета возљубена наша Татковино“, посакаа од Бигорски манастир.

Покана за што помасовно присуство на Литургијата упати и месната заедница Лазарополе.

„Повелете, бидете присутни на литургијата, сите заедно да се помолиме за здравје и спасение за сите и за се! Да се помолиме за сите оние упокоени души кои ги положија животите за ова Свето парче земја – Македонија“, стои меѓу другото во повикот.

Како што за галичани важи „каде и да си за Петроведен во Галичник да си“ за лазороплчани тоа е Илинден. Веќе се пристигнати голем брј поранешни жители и нивни потомци. Неизоставен белег на одбележувањето ќе биде и групата Мајовци, чии што предци потекнуваат од ова село од каде се доселиле во Дебар.

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 2 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 3 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 2 недели

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 2 недели

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 4 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 4 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 1 месец

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 4 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена