Гостивар
Света Василева литургија во црквата Света Петка во Гостивар

Утрово во храмот св.Петка во Гостивар, митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф богослужеше света Василиева литургија. Во своето обраќање кон верниците митрополитот меѓу другото нагласи:
„Еве браќа и сестри денес во овој храм св.Петка во Гостивар прославивме два големи празници: Обрезанието на нашиот Спасител, Господ Исус Христос, и светиот Василиј Велики. На овој ден го празнуваме и почетокот на Новата година, во која му заблагодаривме на Бога за исполнувањето на Неговата волја во изминатата година, но и измоливме од Господа, Он повторно да е со нас во Новата 2022 год. За многумина, минатата година беше година на радости, а за мнозина година на жалости, лишување од убавини и неисполнување на очекуваното поради пандемијата која се уште е присутна. Но, без да се задржуваме на сето тоа, ние денеска сме обврзани да му искажеме благодарност на нашиот Небесен Отец за изминатата година.Господ Бог нека ни ја благослови новата 2022 година, нека ја исполни со добри и благородни дела, а за Негова прослава и за наше спасение.“
На литургијата верниците се причестија со светите тајни, а на крајот беа благословени и прережани кумските лебови.
фото:тетовско-гостиварска епархија
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја