Поврзи се со нас

Гостиарски

Така се зборува во Гостивар (13)

Објавено

на

 

Како се забавувале младите и кои биле најпопуларните места за излегување во Гостивар во минатото? Прочитајте во денешниот извадок од „Така се зборува во Гостивар“ од Боге Димитриески.

 

Културно-забавен живот

Карактеристично е што имавме многу добар парк. Паркот, и тука имало навечер музика. „Кермес“, кај што излагале младите. Највише се точеше чај, кафе. Ретко алкохол, немаше алкохол. Повеќе млади, старите не-óдеа воопшто. Тоа таму беше една добра рáзонода. Тоа беше пред војната. Младите излегувале тука, тие не оделе по кафáни, али навечер корзо и сме приредувале навечер игранки и по куќи сме се собирале – една ноќ кај еден, другата ноќ кај други се собираат повеќе, така и тука се пеело, се раскажувало, се играло. Девојчињата, кај познати ги пуштале, а кај непознати не. Вака, поинтимни кои биле, роднински врски кои имале и тие доаѓале. Али, односот бил многу добар према девојчињата. Тие биле многу патријахáлно васпитани, али младите деца тиа така имале еден однос добар. Е сега, никој нé-сакал да направи некој екцес или нешто…Па имало и серенáди после, така. Серенáди типично пред војната. Се собирале неколку другари, друштво и, овај, Павле беше хармоникаш, Ѓирко, Тоте, како-го-викаа, тој свиреше на гитáра. И така, ние ќе застаневме и ни отпоздравуваа девојчињата со запалување на свеќа. Под прозорецот. На прозорецот ќе се појавеше таа со свеќа, така, и тоа ќе се свршеше и ќе доеше време за друго место, кај друга девојка. Јасно, некоа позната. И родбина може да биде. Пеевме македó. Народни песни, во врска со девојките, на пр. Ја излези Ѓурѓо, ја излези сетро и така…Некаде, имало случаи, на пример, да нè избркаат, да излезе стариот, да ни вика…Да се појави, да се разбуди стариот или мáјка-му – зависи од фамилијата. И: Што-бáрате вие, да не-нé-вознемируете и така…И мие, ништо, ќе завршиме и ќе пројдеме. Али, бекој да фрл`аат вода или така нешто –тоа немало. Убаво, интересно било. Многу сме се дружеле, многу сме биле другари. И меѓу-себе сме се почитувале.

Е, корзото било во Македонско-мáло, овдека. Тука живееле све Македó. И навечер било полно све. И немало, вака, некој префрлувања, добацувања. Тō било све културно.

(Саво Серафимоски, 1920)

 

Така, млади, имаше игранки, имаше официрски дом. После ослободуење, официрски клуб. Тамо одефме на игранка. А имафме и едно друштво „Браќа Ѓиноски“ с` оформи во Гостивар. Така, секоа сǎбота игранки праефме. Тамо се берефме младинци, женски. Ја малав бев дó-душа, немаше многу..Така да , само тој живот беше. После се формира „Браќа Ѓиноски“, хор се формира во Гостивар, Виктор Трпчески го водеше тој хор, тој беше Влах. Инаку, тој хорот и во Тетово..Тој од Тетово дојде овде, го фóрмира во Гостивар. И драмска секциа се фóрмира. После, како се напраи Домот, Друштвото му дадоа простории тамо, тамо егзистираше во тој, во стариот културен дом. После тој се руши, нов културен дом се напраи. И вó-него. И-сега постои „Браќа Ѓиноски“, тоá друштво, со осцилации, со прекиди, со неколку години, па ќе се оформит. Така. Е, сеа постоит фолклорна група и староградски. Инаку, сум бил десет-гóдини ја во тоа друштво, во хорот и во староградската група. Сеа, пред пет-шес години више се повлеков. Продолжија млади, и ден-дéнеска егзистират со оркестар, староградско друштво и мојот син продолжи, тамо свири во тој оркéстар, Војо, син-ми. Поголемиот. Имам многу слики, многу сме пǎтуале, многу сме давале приредби. Дури и во Белград, во Чачак. Овде во Македонија, низ Тетово, во Кавадарци, Кичево, во Дебар. Сме оделе, сме давале приредби, концерти и така натаму.

Иначе, сега младежов по кафиќи одит. Тој тамо дури спијат, до сабāле, óд-вечер, до сабāле. Ја нé-знǎм тоа…Мие излагафме на корзо, имавме улица, таа што е „Борис Кидрич“, туе на корзо, ќе си купевме семчиња, секој некоа боза ќе испиеше или сладолед и тоа беше.

(Симе Трифуноски, 1931)

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена