Поврзи се со нас

Гостиарски

Така се зборува во Гостивар (12)

Објавено

на

Недела обично важи за ден кога семејството се собира на заеднички ручек. Во книгата „Така се зборува во Гостивар“ од Боге Димитриески има делови коишто се однесуваат токму на храната и некои традиционални рецепти, кои се приготвувале во гостиварскиот крај.

 Храна

Обично све сме спремале, како-да-ти-кажам. Сарми, грав со пастрма сме праеле. Тоа ни беше омилено јадење. Или грав со суво месо и така. Сме `и праеле сите манџи. Сите. Мусаки, со ориз тави…Од благи јадења, гурабии. Мáјка-ми обично дека беше повише као заузета, сме купуале повише. Сме купуале јадења. Ова, благи, мислам. Ко ќе доеше за слава мáјка-ми од чивлиг, ќе донесеше од Скопје посни колачи. Таке. После, коа беше сéстра-ми поголема, таа почна да месит повише. Ја помала, сум учела.

Грав со пастрма се подготвуат, граот се варит посебно, пастрмата посебно. Ко ќе се сварит граот, ќе го помешаш и едното и другото и ќе напраиш запршка, или нé-морат запршка. Може и без зáпршка. Некој сакат, некој нејќет.

Друго јадење, на пример сарма. Сарма, мрсна сарма, ќе здробиш кромид. Ќе го пропржиш кромидот, ќе го спуштиш месото и ќе му стаиш во месото. После, ко ќе го пропржиш и месото, ќе го извадиш, ќе му стаиш бибер, сол и ко ќе го виткаш во секоа сарма ќе му стаиш сланина. Или суо месо, пржено. Нé-мора да е сланина. Во секоа сарма. И после, кога ќе го ставиш, ко ќе го наредиш све, измеѓу нив ќе стаиш опет пушено месо и ловор. Обавезно се стават во мрсна сарма. Ловоров лист. Сол нé-морат многу, затō што е кисел купусот. Малку сол се стават, сасвим малку или ич.

(Загорка Попоска, 1927)

 

Комат сме праеле кāде нас. Може да се напраит посен комат. Сме праеле за пости кога е, комат ќе се замесит само брашното со вода, посно и ќе се истǎлчат ореси – не мелени на машина, него истǎлчени ореси и во оресите ќе се истǎлче една глајца лук. Е, сеа тоа ќе било во еден тањир наместено. Е, ова брашново се праеле кори. Посниот комат и ќе се штркат само со зејтин. Најзгора на кората, ко ќе `с испечет (тǎнок комат, со неколку коричиња) и најзгора ќе се зоврие малу, ова, вода, во коа вода има провриено и зејтин и ќе се тури во луков. И тоа озгора го турале. Тоа е посен комат. За кога се постело.

Мрсен комат, ќе заместа исто тесто, во тестото и јајца. Ќе развијат кори, кој како е умешен. Може да има квасец, може коматот да биде само со сирење и со јајца. И тој комат се развијала кора, па ќе се посипет со мас, па ќе се посипет со јајца и со сирење ќе се напраело, тоа го викаат, тие го викале како сарајлии. Вртен комат. Некој го викаат колпите, некој го викаат сарајлија, некој бурек. Таке го праеле тој комат.

Праеле и топтáјњци, со пченкарно брашно. Тоа со пченкарно брашно, со малу квасец ќе се замесит тесто, па се турат во тепсија, се турат и доста мас, пресна мас, кравја мас. И ќе се тури внǎтра. Па се пече тоа. Па се ситни, се ситни ситно, па опте се преливат со мас, тоа е многу убō. И со тоа, како со свите комати, кисело млеко. Некој сакал маќејњца. Јогурт тога немало. Маќејњца и кислело млеко.

(Ѕвезда Китановиќ, 1929)

 

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена