Поврзи се со нас

Вести

Таравари ќе чека државна ревизија, па потоа ќе покренува кривични постапки

Објавено

на

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари денес продолжи со прес конференциите во рамки на неговата кампања „Вистината за ДУИ“. Тема на денешниот прес беше урбанизмот. Таравари посочи дека градежно земјиште било продавано по ниски цени на луѓе блиски до претходното општинско раководство. „Првиот случај се однесува на продажба на градежно земјиште во сопственост на општина Гостивар, кај градската индустриска зона, на излез од Гостивар кон Тетово. Продажбата на градежното земјиште е направено за смешни цени од 211, 500, 550 и 1.600 денари за метар квадратен.“, рече Таравари.

Како друг случај го наведе изработувањето на проекти од страна на Проектантски бироа. „Конкретно, од вкупно 46 колективни згради, едно Биро за проектирање, многу блиско до поранешниот шеф на урбанизам има изработено 16 проекти, со вкупна вредност од 329.732 евра. Едно друго биро за проектирање, за 6 изработени проекти обезбедило средства во износ од 179.334 евра“, изјави градоначалникот.

Таравари на новинарите им даде увид во документите за случите за кои зборуваше. Сепак, не сакаше јавно да ги каже имињата на сопствениците, ниту да го изговори името на поранешниот шеф на урбанизам за да како што рече, не остава простор за тужби. На новинарско прашање дали ќе бара кривична одговорност за случаите кои ги обелоденува, одговори дека најпрво ќе чека државна ревизија. „Се што зборуваме е аргументирано, затоа и сме дозирани. Некаде во април, мај во Гостивар ќе дојде државна ревизија, а после тоа ние ќе покренеме и кривична постапка против Невзат Бејта. Ние се боревме против еден режим, кој имаше две компоненти ВМРО и ДУИ од кои за жал едната остана и во новата власт и по се изгледа тоа причинува СДСМ се повеќе да личи на ВМРО. Сепак јас сум оптимист и се надевам дека правниот систем ќе функционира во Македонија“, рече градоначалникот.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Занимливостипред 54 минути

Црната боја – признак за привлечност, интелигенција, самодоверба, црвената асоцира на ароганција

Гостиварпред 3 часа

Во ОВР Гостивар пријавен напад од основец врз соученик во двор на училиште

Гостиварпред 5 часа

На пазарот во Гостивар „од пиле млеко“ – Цените намалени, торбите пополни

Избори 2024пред 5 часа

ДИК прифати 6 приговори во Петтата изборна единица и еден во Шестата

Македонијапред 6 часа

Пендаровски се откажа од државна пензија, ќе има канцеларија со тројца вработени

Гостиварпред 7 часа

Две лица нападнати од кучиња скитници во Гостивар

Македонијапред 8 часа

Граѓаните за онлајн шопинг лани потрошиле 573,4 милиони евра

Технологијапред 9 часа

Надграден ChatGPT-Побрз, зборлест, па дури и флертува, ама се‘ уште греши

Занимливостипред 10 часа

Зошто Холанѓаните се едни од најсреќните луѓе во светот?

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена