Гостивар
Тимот на инфективно во Гостивар најавува штрајк – не добија платежни картички, револтирани се и разочарани

Вработените во Инфективното одделение во Гостивар се револтирани и разочарани што останале без платежните картички, кои Владата ги вети за медицинарите вклучени во борбата против коронавирусот. Овој тим од триесетина медицински сестри и лекари секојдневно е во првата борбена линија во лекувањето на пациентите со ковид. Велат работата е стресна, исцрпувачка и ризична, а даваат се од себе за да им помогнат на хоспитализираните. Реагираат дека и покрај тоа, останале со празни раце и не ги добиле предвидените платежни картички во вредност од 40% од платата.
Не ја исклучуваат можноста од штрајк.
„Владата извести дека вработените во инфективната клиника во Скопје и инфективните одделенија низ градовите треба да добијат платежни картички во вредност од 40% од платата, односно по 20% за два месеци. Ни бараа и списоци на вработени да подготвиме, тоа го направивме, но еве не сме добиле ништо. Поднесовме и приговори, но и од тоа ништо. Ова мора некако да се реши. Самата Владата јавно објави дека ќе ги даде тие ваучери за медицинскиот персонал што е вклучен во борбата со ковид. Ние не баравме, тие сами рекоа дека ќе доделуваат, а сега не ги даваат. Сакаме и да поднесеме тужба, ако треба и ќе штрајкуваме. Многу сме револтирани“, изјави д-р Ратко Наумоски, раководител на инфективното одделение во Гостивар.
Од почетокот на пандемијата во март заклучно со август на ова одделение биле згрижени вкупно 168 пациенти со ковид, со просек од 10 дена хоспитализација.
Тимот е преморен, инфектолозите не добиле можност ниту да ги искористат останатите денови од ланските одмори.
„Имаме по 15-16 дежурства во текот на еден месец. Многу е тешко. Останавме само двајца инфектолози, затоа што едниот е на боледување, другиот го повикаа на инфективната клиника во Скопје. Не можеме ниту одморите од 2019-та година да ги искористиме. Ни треба помош. Минатиот месец имавме поддршка со персонал од интерното одделение, но како ќе биде понатаму навистина не знам.“, рече д-р Наумоски кој како прв човек на одделението упати голема благодарност до целиот тим за нивниот ангажман: „Да не се овие луѓе, немаше да успееме така да се справиме со состојбата со коронавирусот, која во одредени периоди беше навистина многу лоша“.
Ковид хероите на Гостивар очекуваат институциите да го слушнат и разберат нивниот глас и конечно да ги добијат картичките како потврда на нивниот труд и посветеност.
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска | Женски прашања
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Natasha Beauty Center во Гостивар слави 14 роденден со нова локација-Љубов и почит кон убавината и негата
-
Гостиварпред 3 месеци
Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!
-
Гостиварпред 3 месеци
Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила