Поврзи се со нас

Македонија

Топлотен бран, препораки за ослободување од работа на трудници и постари лица

Објавено

на

Во следните денови времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината и ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи..

Министерството за здравство соопшти дека состојбата на Топлотен бран почнува да важи на целата територија на државата и од среда до недела важат следните владини препораки:

  1. Ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, како што се – бремените жени и лицата на возраст над 60 години.
  2. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.
  3. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст на Република Северна Македонија и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат поактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници.
  4. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Владата одлучи државните органи и јавните претпријатија и установи, да ги почитуваат препораките, а на приватниот сектор му се препорачува да го организира работното време со цел за заштита од директна сончева изложеност на работниците, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Владата одлучи оваа мерка да биде со времетраење од 4 дена, до понатамошно одлучување. Владата и надлежните органи ќе ја следат состојбата и доколку има потреба ќе бидат преземени мерки согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови, врз населението во РС Македонија.

Истовремено, работното време градинките треба да го организираат во периодот од 7 до 17 часот. Градинките не треба да практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено после 11 часот.

Сите правни субјекти, пак, кои вршат активности на отворено треба да ги запрат активностите во периодот од 11 до 17 часот. Ова особено се однесува на градежните работници.

Од МЗ потсетувааат и на општи мерки за заштитана здравјето. Во текот на екстремно топли денови, да се остане повеќе во затворени простории (пред сé климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори  под сенка. Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа, а при сончање да се користи крема со висок заштитен фактор. Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна. Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци. При влегување во возило, потребно е истото тоа одреден период да се проветри. Хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 10 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 14 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 16 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 17 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 18 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 19 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 20 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 21 час

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена