Поврзи се со нас

Македонија

Тошковски: Владата незаконски поништи мои акти и не дозволи да назначам началник на СВР Тетово

Објавено

на

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека „и покрај  сериозните опструкции од страна на Владата со кои се соочува“, ќе стори сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори на кои граѓаните ќе можат слободно да го остварат своето право на глас.

Тој на денешната панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните ризици“ во организација на Институтот „ОХРИД“, рече дека Владата незаконски поништила негови акти и не му дозволила да назаначи началник на СВР Тетово.

-Значи овие како Влада не дозволија не само мене, туку не дозволија и на дополнителниот. Не со име и со презиме, туку со работна позиција, не дозволија промена на систематизација, која ќе овозможеше поставување од моја страна началник, од страна на дополнителен началник којшто требаше да го гарантира фер и демократскиот процес на територија на Тетово, Гостивар, Брвеница, Јагуновце и итн, изјави Тошковски.

Тошковски притоа додаде дека од Владата сѐ уште не добил правно образложение.

-Ми беше ветено дека ќе ми биде дадено правно образложение зошто Владата смета дека по закон го немам тоа право. Како министер и покрај тоа што се соочувам со сериозни опструкции од страна на Владата која незаконски поништи акти донесени од моја страна и не дозволи да назаначам началник на СВР Тетово, ќе сторам сè МВР да биде на висина на задачата и да гарантира организирање на безбедни избори на кои граѓаните ќе можат слободно да го остварат своето право на глас, потенцираше министерот Тошковски, порача Тошковски.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 59 минути

АХВ: Отповикан небезбеден сладолед, тие што го купиле да не го конзумираат и да го вратат

Македонијапред 3 часа

Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи осигурувањето за регистрација на возилата

Вестипред 3 часа

Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

Гостиварпред 16 часа

Гостивар во слава на 5 Мај: Да ни е жив и вековит македонскиот јазик!

Македонијапред 18 часа

Денарот слави 32 роденден

ИЗБОРИ 2024пред 21 час

До 30 април пријавување на болни и немоќни за гласањето на 8 мај

Македонијапред 22 часа

Велики петок неработен за православните, Први мај и втор ден Велигден неработни за сите граѓани

Гостиварпред 24 часа

Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар

Гостиварпред 1 ден

Во Гостивар попладнево настан во чест на Денот на македонскиот јазик

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена