Занимливости
Традиционално натпреварување: Црногорците го соборуваат рекордот во излежување и денгубење

Натпреварот во излежување, кој ја прави Црна Гора единствена во Европа, се организираше по 11. пат во етно селото „Монтенегро“ во Брезна во Пива, а од девет натпреварувачи од Никшиќ, Подгорица, Даниловград и Белград, двајца сè уште се борат за парична награда од 350 евра, пишува подгоричкиот весник Вијести.
Натпреварувачите порачаа дека се надеваат дека ќе го соборат минатогодишниот рекорд на Подгоричанката Дубравка Алексиќ, која стана по 117 часа лежење, а битката за титулата најголем денгубец сега ја водат Жарко Пејановиќ од Подгорица и Вук Кољеншиќ од Даниловград, откако вчера, на првиот натпреварувачки ден, седуммина се откажаа.
Натпреварувачите спиеле под крошна на стогодишен јавор, но преку ден морале да одат во колиба поради дождот, било соопштено синоќа за „Вијести“.
Дозволено е јадење и пиење, читање книги, лаптоп, телефон – сè освен станување. Одење во тоалет е дозволено на секои осум часа. Првата награда е 350 евра, додека вкупната вредност на утешните награди е околу 500 евра. Првонаградениот добива и рафтинг, викенд во етно село, ручек за двајца во ресторан во Подгорица и уште многу награди од спонзори
-
Гостиварпред 2 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче