Гостивар
Трансфузиологија во Гостивар има доволно резерви на крв, пандемијата не го попречи дарувањето
Крводарувањето во Гостивар се одвива редовно и во време на ковид пандемија. Службата за трансфузиологија во гостиварската болница до сега не бележи недостиг на резерви на крв и крвни продукти. Од таму велат дека понекогаш може да се јави случај со итна потреба од поретките крвни групи, која ако во моментов ја нема, брзо се обезбедува, за пациентот да биде опслужен навремено.
„Располагаме со доволно резерви на крв. Многу ретко може да има потреба за поретките крвни групи како на пример А негатив или Б негатив, но реагираме брзо, повикуваме наши редовни крводарители и ја обезбедуваме навреме. Мора да кажам дека дарителите во Гостивар се многу хумани и на таков повик веднаш доаѓаат.“, рече д-р Кадри Елези од Службата за трансфузиологија.
Лекарите оценуваат дека крводарувањето е безбедно, според протоколи за заштита од коронавирус. На сите што влегуваат во службата им се мери температура, а дарителите поминуваат и рутински преглед. „Некој страв поради пандмијата кај крводарителите нема, но се запазуваат сите мерки на заштита, како тие самите, така и ние се грижиме за нивното здравје. Само тие што ќе ги исполнат сите услови може да даруваат крв“, нагласи д-р Елези.
Минатата година трансфузиологија собрала 1.450 единици на крв, од кои околу 700 биле искористени за пациенти во гостиварската болница, а останатите испратени за здравствените установи во Тетово и Скопје.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград