Поврзи се со нас

Македонија

Три понуди на тендерот за надзор на изградбата на коридорите 8 и 10

Објавено

на

Три понуди се доставени на тендерот за избор на надзор на изградбата на автопатите Тетово-Гостивар, Гостивар-Кичево и Требениште – Струга- Ќафасан на Коридорот 8, како и Битола – Прилеп на Коридорот 10 Д, а чија изведба треба да ја изврши американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.

Понудите се од фирмата „INGEROP CONSEIL ET INGENIERIE“ која конкурира со 1.106.040.600 денари, друштвото „IRD ENGINEERING“ со понуда од 1.374.304.070 денари, како и „ХИЛ ИНТЕРНАЦИОНАЛ“, со понуда од 1.533.721.722 денари.

По отворањето на понудите, следува постапка за нивна евалуација,  и по разгледување на документацијата  и комплетноста на понудите во рок од 40 дена ќе се изврши изборот на најдобриот понуден квалитет и понудена цена.

Првиот тендер за избор на надзорот за овој проект пропадна откако избраната компанија не ја достави банкарската гаранција.

За изградба на новите автопати Владата минатата година потпиша меморандум со „Бехтел и Енка”, по што Собранието донесе Закон за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за проектот.

Градежните машини и работници на конзорциумот „Бехтел и Енка“ ќе работат  на четирите делници на Коридорите 8 и 10, а се очекува да стартуваат наредната година. Министерот Бочварски претходно изјави дека прва и најлесна делница од аспект на експропријација на земјиштетото е Гостивар-Кичево, а се очекува најдолго да трае постапката за делницата Требеништа-Струга-Ќафасан, за која државата ќе мора да добие и мислење од УНЕСКО, бидејќи трасата поминува покрај Охридското езеро.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 8 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 12 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 13 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 14 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 16 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 16 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 17 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 19 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена