Рецепти
Три рецепти за малку поинаква зимница

Сезоната на зимници е во полн ек и теглите со традиционалните ајвар, лутеница, туршија, се редат на полиците. Ако сте од оние кои се подготвени да пробуваат нови вкусови и да ја освежат домашната кујна, следните рецепти за несекојдневни и помалку познати зимници сигурно ќе ви бидат привлечни.
Салата со печурки и кисел зеленчук
Состојки:
600 гр кисела зелка
400 гр кисели краставички
300 гр печурки шампињони
100 гр кромид
100 гр масло
30 гр шеќер
Подготовка:
Сварете ги шампињоните и исецкајте ги. Исецкајте го и зеленчукот и измешајте. Зачинете со масло и шеќер. Салатата ставете ја во тегли и чувајте ја на темно и ладно место.
Салата од цвекло, моркови и јаболка
Состојки:
4 глави цвекло
4 моркови
3 јаболка
1 целер
1 цел лимон
сок од 2 лимони
6 лажици мед
Подготовка:
Зеленчукот и јаболката излупете ги и изрендајте. Лимонот измијте го убаво и исецкајте го ситно. Откако ќе ги измешате додадете го сокот од 2 лимони и медот и повторно добро измешајте. Вака подготвената салата ставете ја во тегли и чувајте ја на ладно и темно место.
Модри сливи полнети со зелка
Состојки:
1 кг. сливи
250 гр зелка
2 лути пиперки
1 китка магдонос
1 китка нане
2 глави лук
ловоров лист
2 лажички сол
120 мл оцет
вода
Подготовка:
Исечете ја зелката на ленти или изрендајте ја. Лутите пиперки исецкајте ги ситно и додадете ги во зелката. Магдоносот и нането ситно исецкајте ги, па истото додадете го во зеленчукот. Главите од лукот исчистете ги и изрендајте ги. Посолете и сè добро измешајте. Оставете околу половина час. Засечете ги сливите и извадете ја семката, за да може да се филуваат. Наполнете ги сливите со подготвената смеса. Ставајте ги во претходно стерилизирани тегли. Во секоја тегла ставете по еден ловоров лист, сол, оцет и ладна вода. Добро затворете и чувајте во фрижидер или на ладно и темно место.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 недели
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 3 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 1 месец
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 1 недела
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава