Рецепти
Триаголници со сирење, појадок или вечера за чиста 10-ка

Со малку состојки и за многу кратко време може да си подготвите супер вкусен појадок или вечера следејќи го овој рецепт.
Состојки:
500 гр. сирење
2 јајца
едно пакување кори за пита
масло
половина кесичка прашок за пециво
Подготовка:
Најпрво во сад изматете ги јајцата, раздробеното сирење, малку масло и прашокот за пециво. Земете кора и исечете ја по должина на два дела. Преклопете го секој дел и премачкајте со смесата од јајца и сирење. Потоа превиткајте го едниот крај кон спротивниот раб на кората, па следниот во спротивна насока и така додека не ја извиткате кората до крај.
Повторете ја постапката со сите кори. Во тава со загреано масло ставајте ги триаголниците да се пржат. Потребни им се 3-4 минути од едната и исто толку од другата страна.
Откако ќе бидат готови, ставете ги на салфетка за да се исцеди вишокот маснотии.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 1 недела
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 4 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 4 дена
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава