Поврзи се со нас

Рецепти

Време е за зимница! Пробајте го овој рецепт за црвена мешана салата

Објавено

на

Правењето зимница можеби е напорна работа и бара време, но резултатот секогаш се исплати. Ако сакате годинава да пробате нешто ново и поинакво, може да си ја направите оваа црвена мешана салата, по руски рецепт, која е кисела и одлично оди како мезе или како прилог со месо.

Состојки:

1,5 кг домати

500 гр црвени пиперки

250 гр кромид

200 гр моркови

китка магдонос

копар

50 мл оцет

100 мл масло

1,5 лажичка сол

5 лажички шеќер

1 лажичка црвена пиперка зачин

3-4 чешниња лук

 

Подготовка: Доматите и пиперките исечете ги, а морковот изрендајте го. На масло пропржете го иссецканиот кромид, додадете го зачинот црвена пиперка и така пропржениот кромид измешајте го со доматите и пиперката. Потоа додадете ги магдоносот и копарот, како и сол, шеќер, оцет и  ситно сецканиот лук. Промешајте. Оставете ја салатата на собна температура 2 часа и добро мешајте ја на секој половина час за зеленчукот да испушти што повеќе сок. Откако ќе отстои 2 часа, ставете ја во тегли и прелијте ја со сокот од самиот зеленчук.

Потоа во тенџере ставете крпа и прелијте ја со вода. Затворете ги теглите и наредете ги во тавата, па варете додека не зоврие, а потоа уште 15 минути. Пред да ги складирате на темно и ладно место, теглите треба да се изладат.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена