Гостивар
Тридневен предновогодишен хепенинг на плоштадот во Гостивар

Во пресрет на Новата година и во духот на новогодишните празнувања во Гостивар ќе се организира хепенинг со хуманитарен карактер. Настанот ќе се одржува три дена (23, 24 и 25 декември) на градскиот плоштад, во периодот од 10 до 15 часот, кадешто ќе има дружба и фотографирање со Дедо Мраз и со кловн.
„На плоштадот ќе биде поставен и штанд на кој ќе се изложат рачни изработки од учениците од техничкото училиште, што ќе им бидат подарени на граѓаните кои ќе донираат. Средствата што ке се соберат, во соработка со здружението Whren in Trouble и Центарот за социјални работи ке се наменат за социјално загрозени деца или семејства во зависност од потребата. Целта на настанот е барем за момент да се изнудат насмевки и радост на нашите грагани од сите возрасти и од сите националности..“, информираат организаторите од Здружението за култура, спорт и образование ,,АНИСИЈА“.
Хуманитарен предновогодишен хепенинг во Гостивар за прв пат се организираше лани, а собраните средства беа донирани за итна медицинска интервенција на младо момче.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава