Поврзи се со нас

Вести

„Убавината не познава граници“ – бура од емоции на модната ревија на деца со посебни потреби во Гостивар

Објавено

на

„Убавината не познава граници“ – под ова мото вчеравечер во Центарот за култура во Гостивар, се одржа модна ревија на деца со посебни потреби. Дечињата носеа модели изработени од рециклирани материјали, а на сцената беа придружувани од спортисти, музичари, писатели… Вечерта донесе бура од емоции, насмеани и задоволни лица и успешно завршена мисија: да се испрати порака за еднаквост.

Настанот го организираше Здружението на лица со посебни потреби „Заедно можеме“, со поддршка на гостиварскиот Црвен Крст и општината.

„Сакаме да им дадеме можност на овие дечиња да ги покажат своите уметнички способности и да испратиме порака дека и тие се еднакви како сите деца. Тоа што носат облека од рециклирани материјали е во духот на зачувување на животната средина“, рече Илир Адеми, дел од тимот за организација.

Во публиката, освен семејствата, пријателите, роднините, имаше и личности од јавниот и политичкиот живот.

Манифестацијата беше збогатена и со музички настап на повеќе млади таленти од Гостивар, како и на малите танчери од IDance Studio.

Дедо Мраз ги израдува децата кои беа дел од модната ревија со пакетчиња, додека организаторите доделија благодарници за соработниците и поддржувачите.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена