Вести
Завршен годишен настан на младите гостиварски поети
Клубот на млади поети во Гостивар, кој функционира во склоп на Советот на млади ја заокружи годината со поетско читање во Центарот за култура АСНОМ. Клубот во текот на 2018-та организираше седум поетски настани под наслов Проекции под исто небо, на кои се претставија млади гостиварски творци со свои стихови на македонски, албански и на турски јазик.
На последниот, кој се одржа вчеравечер учествуваа петнаесетина поети.
„Продолжуваме да ги остваруваме нашите цели, ширење интерес и љубов кон поезијата и вклучување на уште повеќе млади во нашиот клуб.“, рече Флоранда Мухареми, претседател на Клубот.
Младите гостиварци успеваат да ги негуваат мултикултурата и соживотот преку поезијата и преку музиката, ако се земе во предвид дека програмата на поетските читања секогаш содржи и музички настапи.
Дел од настанот вчеравечер беа: Мирослав Крстески, Мелек Сулејмани, Али Мустафа, Александра Маркоска, Калтрина Сулејмани, Гентијана Јашари, Уфук Рамадани, Илмихане Лимани, Јосиф Гериќ, Артан Ибраими, Викторија Трпеска, Амбра Османи, Емилија Србиноска, Окан Бајрам, Зуријет Сулејмани, Радмила Лекоска, Емилија Данилоска.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар