Поврзи се со нас

Македонија

Учениците и студентите корисници на семејна пензија до 30 ноември да достават потврда

Објавено

на

Министерството за труд и социјална политика во соработка со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување  и Министерството за образование, ги повика сите ученици и студенти, корисници на семејна пензија, заклучно со 30 ноември 2020 година до Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да достават соодветна потврда, со која ќе го докажат својот статус на ученик, односно студент, врз основа на која се продолжува исплатата на семејната пензија.

„Поради ситуацијата со пандемијата Ковид-19 и започнувањето на школската/академската година еден месец подоцна, односно од Октомври 2020 година, како и поради спроведувањето на онлајн настава, голем број на деца корисници на семејна пензија се уште ја немаат доставено потребната потврда која се издава од соодветна образовна институција. За надминување на настанатата состојба Министерство за труд и социјална политика му предложи на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија да го продолжи рокот за еден месец, односно до 30 ноември 2020 година, за доставување на потврдите од страна на ученици и студенти корисници на семејни пензии, со цел да не бидат исклучени од исплата на пензии за месец Октомври 2020 година.“, соопшти МТСП.

Министерството за труд и социјална политика повикува во процесот на подигнување на потврдите од образовните институции и при нивното доставување до Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да бидат почитувани мерките за заштита од вирусот Ковид-19.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена