Македонија
Училишните комисии ги проверуваат апликациите, листата на примени во средно во сабота

Комисиите во средните училишта денеска прават проверка на идентичноста на податоците од електронските апликации за упис, пратени во изминатите пет додека траеше пријавувањето, со документите што им се доставуваат.
Откако е објавена прелиминарната ранг-листа на запишани во прва година средно образование во учебната 2022/2023, потребената документација учениците до училиштата ја доставуваат денеска од 12 до 19 часот и утре од 7 до 19 часот, според распоред што го подготви секое училиште.
Конечните ранг-листи на огласните табли на училиштата и на веб-страницата на Министерството за образование и наука (mon.gov.mk) ќе бидат објавени в сабота, 18 јуни.
Првпат годинава пријавувањето беше електронски – нова дигитална услуга што МОН ја воведе за оптимизација на целиот процес. До затворањето на системот за пријавување вчера во 15 часот, преку линк до порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk, пристигнале 14 500 апликации од ученици за упис во средните училишта.
Министерот Јетон Шаќири вчера на прес-конференција рече дека целокупната подготовка од МОН, како и достапноста на порталот за пријавување, резултирало со евидентно порелаксиран процес споредено со минатите години. Посочи дека новиот начин на аплицирање одзема само 5 до 10 минути, нема турканици пред училиштата, зголеменеа е транспарентноста, а намалена улогата на човечкиот фактор.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022