Гостивар
Уметници цел ден творат покрај Вардар во Гостивар – изложбата на делата е вечерва
Петнаесетина уметници денешниот ден го посветуваат на создавање ликовни дела на отворено, покрај Кејот на Вардар, во Летниот Амфитеатар во Гостивар. Идејата е да се креира еден вид на отворено ателје и заинтересираните граѓани одблиску да можат да видат, како настануваат сликите од рацете на уметниците.
Проектот го реализира Здружението на ликовни уметници Драудакум.
„Овој арт перформанс може да го посетат сите, да погледнат како ние уметниците работиме. Тоа што ние обично го правиме во нашете ателје, сега го правиме во ова ателје на отворено“, рече Исмане Мегди од Драудакум.
На крај, делата коишто ќе се родат од креативноста на гостиварските уметници преку денот, ќе бидат изложени во Амфитеатарот. Изложбата е планирана за во 20 часот.
Проектот финансиски е поддржан од Министерството за култура.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар