Македонија
Уништени над 16 тони небезбедна храна!
Во контроли на инспекторите за храна и официјалните ветеринари при Агенцијата за храна и ветеринарство низ земјава, минатиот месец како небезбедни биле уништени над 16 тони храна од животинско и неживотинско потекло. Вкупно биле спроведени 5.904 контроли.
„За констатираните недоследности со контролите, инспекциските служби на Агенцијата, во овој временски период изрекле вкупно 642 инспекциски мерки, од кои 418 решенија за отстранување на недоследности и 199 едукации на операторите со храна. Поднесени се и две прекршочни пријави.“, соопшти Агенцијата.
За извоз на храна од неживотинско потекло, инспекторите за храна во јули годинава издале 392 сертификати за безбедност на производите. 411 сертификати издале официјалните ветеринари на операторите со храна за пласман на странските пазари на храна од животинско потекло.
Како небезбедни за увоз во земјава, забранет е влез на една пратка со храна од неживотинско потекло со тежина од 300 килограми и една пратка со 150 килограми храна од животинско потекло. Минатиот месец нема поништени пратки небезбедни пратки со храна од увоз, ниту животинско, ниту од неживотинско потекло.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар