Поврзи се со нас

Гостивар

Уште една рисица во НП Маврово со GPS околувратник за следење, се вика Атиџе

Објавено

на

Македонското еколошко друштво информираше дека означи нова единка од балканскиот рис близу селото Ничпур, во НП „Маврово“. Се работи за здрава женка тешка 14,5 kg, а стара околу 10 години. Рисицата се вика Атиџе, а била заловена минатиот месец, пред самиот прекин на теренските активности. Како и сите рисови досега, и таа носи околувратник и  испраќа локации за своето движење.

„Утврдивме плен и сега сме сигурни дека Атиџе е добро и успешно се справува со сите предизвици. А што им е заедничко на Атиџе и Марко, нашиот прв рис? Сплетот на околности направи интересна игра на датуми и настани. Оваа првоаприлска вест е за минатиот месец, кога пред самиот прекин на теренските активности се случи обележувањето на Атиџе и тоа токму на истиот ден кога беше обележан рисот Марко! И ова е десетта единка за овие десет години. Убаво заокружување на досегашните теренски активности поврзани сесијата за рисот. Според нашите долгогодишни истражувања се проценува дека на Балканот има уште 40 возрасни единки на балкански рис, којшто според Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN) има статус на критично загрозено животно. Инаку Атиџе првпат ја имаме забележано на слика од фотозамка во 2013 година, кога во базата ја водевме под шифрата Б11. Мислиме дека името Атиџе подобро ѝ стои. Се гордееме со нашиот тим и ја поздравуваме плодната соработка со пријателите од НП „Маврово“! Иако сакаме нови терени, посебно на априлскиот снег, засега седиме дома и будно ја следиме ситуацијата. Останете дома и следете нѐ со новости!“, наведуваат од МЕД.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена