Гостивар
Уште едно лице заразено со морбили во Гостивар

Бројот на заболени од мали сипаници во земјава континуирано расте. Според податоците од Институтот за јавно здравје, во периодот од 30 март до 5 април, пријавени се вкупно 71 случај, од кои 35 се од Скопје.
Што се однесува до гостиварското подрачје, регистриран е еден нов случај, а лицето спаѓа во возрасната група од 20 до 29 години, и примило само една доза вакцина, односно е непотполно вакцинирано. Со новиот случај, бројката на заболени од мали сипаници во Гостивар достигна шеснаесет.
Активни епидемии на мали сипаници во моментот има во шест здравствени региони – Скопје, Тетово, Куманово, Гевгелија, Кичево и Струга.
Mорбилите се акутно вирусно, многу заразно заболување, кое се манифестира со карактеристичен осип, висока температура и респираторни симптоми и знаци. Инкубацијата таре од 10 до 12 дена, по што се јавува зголемена телесна температура од 38 до 40 степени, главоболка, малаксаност, вознемиреност, солзење на очите, течење на носот, сува кашлица. Потоа, следна фаза е појава на бели наслаги во устата, што се задржуваат два до три дена, а по еден до два дена се јавува осип на кожата со телесна температура од 38 до 40 степени.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?