Македонија
Усвоен Законот за заем за финансирање на регионалните депонии меѓу кои и Русино

На денешната 73. седница на Собранието усвоен е Предлог законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на Регионалниот проект за цврст отпад.
-Со изгласувањето на овој Закон ќе се пристапи кон потпишување на Договор со Европската банка за обнова и развој со што ќе може да отпочне долгоочекуваната имплементација на Регионалниот проект за цврст отпад и за прв пат од осамостојувањето ќе се вложи во градење на инфрастуктура за управување со отпад по европски стандради. Обезбедените средства се планирани за воспоставување и развој на регионален систем за управување со отпад во Југоисточен, Вардарски, Пелагониски, Југозападен и Полошки регион, а вкупниот износ на заемот кој ќе го додели ЕБОР изнесува 55 милиони евра, вели министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.
Тој додава дека во рамките на рализацијата на проектот предвидена е изградба на алтернативен пат за сите регионални санитарни депонии.
-Очекуваме поради исклучителната важност на проектот за регионот, одобрување на дополнителни грант средства од европски фондови преку Рамката за инвестиции за Западен Балкан (WBIF), а исто така, со завршувањето на првата фаза со имплементација на брзите мерки во Русино исполнет е предусловот за дополнителни девет милиони швајцарски франци грант од Швајцарија влада, вели министерот Нуредини.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 1 недела
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение