Поврзи се со нас

Локални избори 2022

Утре истекува рокот за пријавување за гласање во домашни услови за изборите за градоначалник на Маврово и Ростуше

Објавено

на

Утре истекува рокот за пријавување за гласање во домашни услови за болни и немоќни лица и оние кои се во изолација за изборите за градоначалници на општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа, како и за членови на Советот на Општина Тетово, што ќе се одржат на 20 август.

– Рокот за пријавување за гласање во домашни услови, за болни и немоќни лица и оние кои се во изолација поради ковид, истекува утре. Тие треба да се пријават или електронски во Општинската изборна комисија или преку овластено лице. Гласањето за овие лица е на 19 август, ден пред одржувањето на изборите, соопшти членот на ДИК Борис Кондарко.

Бидејќи денот на одржување на изборите е сабота, овие лица треба да гласаат во петок на 19 август, во работен ден.

– Со оглед на тоа што гласањето е во работен ден, сите членови на избирачките одбори, треба да бидат ослободени од работни обврски и општинските комисии треба да им дадат потврда која треба да ја однесат на работа, изјави потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху.

На 19 август, петок, ќе гласаат и затворениците.

Изборите за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше и градоначалник на Центар Жупа и Совет на Општина Тетово треба да се одржат на 20 август.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена