Викендов се одигра седмото коло во Втората македонска фудбалска лига – Запад. Гостиварските екипи ФК Гостивар и Вардар од Форино забележаа убедливи победи.
ФК Гостивар ја запиша петтата победа во Втората МФЛ совладувајќи ја екипата на Велазерими во Кичево со резултат 0:1. Единствениот, но доста важен гол за гостиварци го постигна Арменд Даути во 65. минута после една мешаница пред голот на кичевчани. Со овие три бода екипата на Гостивар останува на првата позиција на табелата со три бодовои преднст.
ФК Вардар од Форино ја пречека екипата на Лабуништа/Тетекс. Првото полувреме заврши без голови, за во второто форинци ги испратат гостите со петарда во мрежата. Голеадата ја отвори Шпенд Асани во 46. минута, Емир Алиу во 56. и 75. минута обезбеди солидна предност за Вардар. Во судиското продолжение прво Мухамед Бекири постигна гол во 92. минута за Емир Алиу да го запише првиот хет-трик сезонава со погодокот во 95. минута. Со оваа победа Вардар од Форино избега од опасната зона и има можност да се приклучи кон средниот дел од табелата.
Во следното 8. коло во Втората македонска фудбалска лига – Запад, на Градскиот стадион во Гостивар ќе се сретнат токму овие две екипи. ФК Гостивар ќе биде домаќин на Вардар од Форино.