Поврзи се со нас

Македонија

Вечерва нема полициски час, кафеаните може да работат до 23.30 часот

Објавено

на

Согласно одлуката на Владата вечерва 12-ти спроти 13-ти мај нема ограничување на движењето на граѓаните, поради муслиманскиот празник Рамазан Бајрам. Полициски час немаше и за христијанскиот празник Велигден.

Од утре ограничувањето се враќа на сила, но во скратена форма и ќе важи од полноќ до 4 часот наутро. Почнувајќи од денес (среда) до 18 мај (вторник), угостителските објекти може да работат максимум до 23:30 часот, а за време на дозволеното работно време се дозволува работа само на отворените делови – тераси  од угостителскиот објект.

Исклучок од ова ограничување се угостителските објекти на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид, како и угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување) за посета од лицата сместени во овие објекти.

Исто така од денес престанува да важи мерка за забраната за посетители – гости во сите вежбални, фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање, во затворен простор, како и во игротеките, но работата во овие објекти задолжително треба да се одвива според протоколите за работа.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена