Поврзи се со нас

Гостивар

Величествено осветување на храмот „Пресвета Богородица“ во Ростуше

Објавено

на

Со масовно присуство на верници од многу градови во државава, постојани и поранешни жители и нивни потомци од долнореканските села и од Дебар денеска осветен беше сечесниот храм на Пресвета Богородица во Ростуше.

Осветувањето го извршија Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Епископ Антаниски г. Партениј.

На овој величенствен настан присуствуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, претседателката на ЛДП Моника Зајкова, како и  директорот на Агенција за храна и ветеринарство Никола Бабовски.

На богослужбата пред многубројните верен народ се обрати владиката Партениј.

„Драги Христијани, Да Му благодариме на Господ Бог и на Пресветата Владичица наша Богородица што нè удостоија да го видиме на ова возвишение овде, во славниот мијачки крај, над некогашниот славен манастирски комплекс наречен Двораник, повторно во полн сјај овој свет и сечесен Храм, посветен на Мајката Божја. Бездруго многу поколенија го очекувале овој свештен миг. Оти, историјата на ова Светилиште се протега длабоко во вековите и со него се поврзани доста значајни моменти од историјата на православниот народ во овој крај, но и многу премрежија и искушенија“, рече владиката.

Додаде дека за Богородичната црква во село Ростуше имаат сигурен запис уште од првата половина на 15. век.

„Имено, познатиот феудалец во тоа време од овие простори, Иван Кастриот, таткото на легендарниот Георгиј Кастриот, познат и како Скендербег, кој бил борец за христијанската вера, како мошне побожен Христијанин, посакал дел од своето владение да и го подари на Светата Гора Атонска, поконкретно на манастирот Хилендар. Така, во неговата дарителска Повелба до Хилендарската Света Обител стои, мегу другото, дека тој и ја подарил Црквата на Пресвета Богородица во с.Ростуше, којашто суштествувала од порано, заедно со селото Радостуше (Радост на душата) и селото Требиште. Оттогаш поминаа речиси 600 години и еве, по Божја промисла, ние токму сега го правиме осветувањето на новиот Храм на Царицата Мајка, кој не е ништо друго, освен едно непрекинато продолжение на црковнатаисторија и наследство во овој крај“,  нагласи владиката Партениј.

Архиерејската литургија со свое молитвено пеење ја збогати хорот Митрополит Козма Пречистански од Кичево. Свеченоста со културно уметнички настап ја збогатија Ансамбл Македонија и музичкиот состав Чагија мерак.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена