Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!



  • Дата: 27/04/2019 | 08:32

Велика Сабота – ден на покојот и исчекување на воскресението

Велика Сабота е последниот ден од Страсната седмица, која претходи на големиот христијански празник Велигден. Црквата ја слави Велика Саботата како “благословен седми ден”. Тоа е денот што ги спојува распнувањето и радоста, денот меѓу смртта и воскресението и според христијанското учење е ден на свештен трепет пред Христовото воскресение.
Велика Сабота е ден на покојот и покојникот, определена како ден за чување на гробот. Денеска верниците се крај Христовиот гроб, се поклонуваат пред Плаштеницата, на која е претставено телото Господово при погребението и положено во гробот.
Вечерва верниците масовно одат во црква и со себе носат црвени јајца. По трикратниот опход околу црквата со пеење на Воскресение Христе Твое Спасе, на полноќ бијат камбаните и се објавува веста за Исусовото воскреснување.

Напишете коментар