Поврзи се со нас

Гостивар

Вирусите косат-На детското одделение во Гостивар дневно по 50 пациенти

Објавено

на

Најмалите на удар на вирозите и грипот. Во изминатите денови зголемен е бројот на пациенти на детското одделение во гостиварската општа болница. Во текот на денот лекарска помош од педијатар за своите дечиња бараат 40 до 50 родители.

Најчесто се работи за респираторни инфекции на горните дишни патишта предизвикани од вируси. Лекарите велат дека невообичаено топлите темпаратури за овој период од годината се погодни за нивно ширење, а како фактор го споменуваат и загадувањето на воздухот.

„Температурите достигнуваат до 15 степени, што е многу невообичаено за овој период, а исто така и загадувањето на воздухот е енормно. Погодени се сите деца, но најмногу најмалите затоа што се` уште немаат доволно формиран имунитет и тие се подложни многу побрзо да се разболуваат. Првите симптоми се температура, суво кашлање, одбивање да цица или јаде, кај некои деца се јавуваат болки и вознемиреност, а кај некои и дијареа, повраќање, па може да дојде и до дехидрација. Вирусните заболувања траат 5 до 7 дена кај децата кои имаат добар имунитет и поминуваат без последици.“, вели педијатарот д-р Ферит Муча, раководител на детското одделение.

Иако поголемиот дел од децата ги поминуваат вирусите со вообичаена клиничка слика,  има и случаи кога пациентите развиваат бронхит или пнеумонија. На детското одделение во Гостивар деновиве имало и дечиња со такви компликации.

Педијатарот Муча вели дека првично родителите треба да ги ублажуваат симптомите со парацетамол, туширњае со млака вода, давање на што повеќе течности како чаеви, овошни сокови, зеленчук и овошје.

„Ако детето повеќе од 3 или 5 дена има висока температура над 39 степени, отежнато дишење, свиркање на градите, тоа е знак дека се зафатени и долните дишни патишта и тогаш родителите мора да побараат помош од педијатар. Ние на нашето одделение имаме неколку деца со компликации, меѓутоа сите се во стабилна состојба.“, нагласи д-р Муча.

Како совети за превенција лекарите ги даваат: избегнување на затворени простории, често проветрување, престојување на отворено секој ден и зголемен внес на витамини и минерали.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 38 минути

Приведен 41 годишник во Гостивар

Македонијапред 2 часа

ССМ ги повика работниците на протест на 1 Мај: Да покажеме одлучност во борбата за подобри работнички права

Гостиварпред 5 часа

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 6 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 7 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 7 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 19 часа

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 21 час

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 24 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена