Македонија
Владата предлага продолжување на кризните состојби со електрична и топлинска енергија

Предлог одлуки за продолжување на кризните состојби со топлинска и со електрична енергија до 30 април годинава се усвоени вчера на седница на Владата и ќе бидат испратени на усвојување во Собранието.
Предлог одлуките се во согласност со заклучоците, мерките и препораките на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи што се усвоени на владината седница.
Како што соопшти владината прес-служба, на седницата е прифатен предлогот за продолжување на кризната состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можност за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија, до 30.4.2023 година.
Воедно, како што дополнуваат, прифатен е и предлогот за продолжување на кризната состојба во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на државава, до 30.4.2023 година заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија.
Предлог-одлуките за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на целата територија на Македонија, заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електричната енергија и за продолжување на кризната состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можност за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија, ќе бидат доставени на разгледување и одлучување до Собранието.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 5 дена
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 1 недела
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 7 часа
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава