Македонија
Владата со кампања: „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“

Владата започна кампања која ќе се води под мотото „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“.
Кампањата има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата како начин за лична и колективна здравствена заштита од КОВИД-19, да ја зголеми одговорноста и свесноста кај населението за важноста од вакцинирање, да ги разбие сите митови, невистини и дезинформации поврзани со вакцините и следствено на тоа да ги поттикне граѓаните да се вакцинираат, да се заштитат себеси и блиските и да дадат придонес кон колективното здравје и што побрза стабилизација на состојбата, соопштија од владата.
„Се наоѓаме во критична фаза наметната од мутациите на вирусот Сарс-Ков 2. Овие мутации, заедно со четвртиот бран во кој се наоѓаме и антиваксерското дезинформирање на населението, недвосмислено ја укажуваат потребата од масовно точно информирање за вакцинирањето. Тоа е пред се наша одговорност. Сите мора да разбереме дека вакцините се единствениот спас од тешки форми на болеста и смртен исход од вирусот. Граѓаните мора да ги имаат точните, проверени, стручни информации за вакцините, за да се поттикнат промени во однесувањето и прифаќањето на масовната вакцинација, како би се запрел прогресот на пандемијата“, истакна премиерот Зоран Заев по повод почетокот на кампањата „Вакцинирај се!“.
Кампањата има за цел и да им го сврти вниманието на граѓаните кон потребата да бидат внимателни кога до нив стигаат информации и вести кои не почиваат на вистина и на факти и во таа насока, посочи министерот за здравство Венко Филипче.
„Преку оваа кампања меѓу другото ќе се бориме и против низа дезинформации кои се уште циркулираат и ги збунуваат и заплашуваат граѓаните. Наша цел е како и досега да ја испратиме вистинската информација и да ги разбиеме митовите и невистините околу вакцините. Во ова сакам да ни помогне секој кој смета дека вакцинацијата е единствен излез од пандемијата. Во оваа кампањата ќе побараме поддршка од сите лекари, експерти, јавни личности, локални лидери и авторитети и сите кои сакаат да се вклучат и ја пренесат пораката – Вакцинирај се!“, истакна министерот за здравство Венко Филипче.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар