Македонија
Владата со заклучок да се запишуваат само вакцинирани првачиња
Владата на денешната седница донесе заклучок во училиштата во прво одделение да можат да се запишуваат единствено деца кои се вакцинирани и за тоа имаат соодветен документ-потврда. Во заклучокот стои: во сите училишта да се примаат и пријавите за упис и на оние деца кои не се вакцинирани, но да не се врши упис на истите, се додека не биде приложен соодветен документ/потврда за вакцинација, соопшти Министерството за здравство.
Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата изнесува 24.023. Во Скопје, бројот на вакцинирани деца изнесува 13,684 од вкупно 16,361 невакцинирани деца. Од останатиот дел од државата, бројот на вакцинирани деца до 14 години со МРП вакцина изнесува 10,339 деца. Само со стапка на вакцинација на над 95%, ќе обезбедиме колективен имунитет и ќе биде оневозможено ширењето на вирусот меѓу популацијата, оценуваат здравствените власти.
Од Министерството за здравство потенцираат дека здравствените установи не смеат да издаваат потврди, ако детето не ги примило задолжителните вакцини. Потврдите кои се приложуваат при упис на дете во основно училиште се издаваат во здравствените домови каде што има вакцинални пунктови и истите се бесплатни.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар