Поврзи се со нас

Гостивар

Владиката г.Јосиф на литургија во „Св. Петка“ во Гостивар во чест на денешниот празник

Објавено

на

Утрово на православниот празник посветен на Света Параскева Римјанка, беше отслужена архиерејска Литургија во црквата „Св. Петка“ во Гостивар на која чиноначалствуваше Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф во сослужение на протоереј-ставрофор Марианчо Мадевски, ереј Мартин Андоновски и ѓакон Славче Ѓоргески.

По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач.

Митрополитот г.Јосиф се обрати кон присутните верници со пригодна беседа на која меѓу другото нагласи:

„Ние денес ја прославуваме света Петка Римјанка. Оваа света душа живеела во II век во Рим и била испросена со силните молитви на нејзините родители и како таква уште од најмлади години била упатена во верата Христова. Уште како мало девојче се одликувала со скромност и побожност, живеејќи вистински христијански живот. Како млада личност ги собирала луѓето околу себе и Го проповедала Господа Христа распнатиот и воскреснатиот. Но по смртта на нејзините родители таа го поделила имотот на сиромашните и се замонашила во Рим. Тогаш многу посмело и похрабро почнала да го проповеда учењето Христово. Не треба да заборавиме дека во II век по Христа, Римската империја била главен гонител на христијанството, а оваа пак, Параскева, го проповедала забранетото учење токму во центарот на империјата. Заради нејзината проповед била изведувана пред судови и осудувана, подвргнувана на разни мачења и страдања. Но, заради цврстината во љубовта кон науката Христова, кај неа во ниту еден момент верата не се намалила и не згаснала. Токму преку подвизите и мачењата, оваа светителка се издигнувала пред Бога, а Бог, пак, и давал сила и благодат за да може храбро да ги поднесе сите страдања и маченички за Господа Христа да го заврши нејзиниот живот.Пораката од Житието на Света Параскева, дека секој од нас треба да биде исповедник и маченик за Христовата вера. На грчки јазик за маченик се вели μάρτυρ, што во буквален превод значи сведок. Смислата е дека Христијанинот е призван секогаш да ја сведочи светлината Христова, која го просветува и осветува овој свет, според зборовите Негови: Јас сум Светлината на светот. Нашата света вера се нарекува ортодоксна, православна, правоверна, па оттаму секој Христијанин е должен правилно да живее, подобно на Светата Преподобномаченица Параскева и на безбројните маченици, знајни и незнајни.Сите ние кои се наоѓаме денес во овој храм во Гостивар посветен во нејзина чест, да се обратиме со искрена молитва кон света Петка, да ни даде и ние да поднесеме еден дел од нејзините подвизи, па и ние да имаме храброст и цврстина да Го исповедаме на секое место и во секое време Господа Христа.“

фото: тетовско-гостиварска епархија

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 17 секунди

Контрола во полошко-Исклучени од сообраќај возачи под дејство на алкохол

Здравје и убавинапред 1 час

Зачини кои го поттикнуваат согорувањето на калориите

Вестипред 13 часа

Работи што не треба да ги чувате во автомобил

Гостиварпред 14 часа

Четирицикл удрил во бетонски столб во Гостивар, повредени две лица

Македонијапред 16 часа

Вакцинација против сезонскиот грип од средината на октомври

Гостиварпред 17 часа

Клучевите во брава, вратите незаклучени – Крадци во Гостивар лесно украле „сузуки алто“

Гостиварпред 19 часа

Петгодишен јубилеј на YCC Гостивар: Работиме неуморно да ја зајакнеме младината и создаваме трајни позитивни промени

Македонијапред 19 часа

Платите на наставниците се зголемуваат за 15%

Гостиварпред 20 часа

Пешачете и возете велосипед, порака од „Ден без автомобили“ во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува

Гостиварпред 2 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 7 дена

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж

Гостиварпред 4 недели

Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче

Гостиварпред 3 недели

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ на Gostivarpress.mk со Велко Бобароски, претседател на Здружение на дијабетичари во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница

Гостиварпред 2 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 2 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 недели

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 1 месец

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 3 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена