Македонија
Во автобус кој се обраќал на линија Пореч-Гостивар запленето злато вредно над 600 илјади евра
Царинската управа вчера заплени 13,3 килограми злато со проценета вредност од над 600.000 евра на Граничниот премин „Табановце“.
Како што информира Царинската управа, при вршење детална царинска контрола на автобус на влез во државата, мобилните тимови од Одделението за оперативни работи од Царинската управа на граничниот премин „Табановце“ откриле и привремено задржале 13,3 килограми злато и непријавени 30.000 евра. Запленетото злато е со проценета вредност од над 600.000 евра.
-Поради постоење сомнеж, автобусот со македонски регистарски ознаки кој се движи на редовна линија од Пореч (Р. Хрватска) до Гостивар, заедно со патниците бил упатен на царинскиот терминал на граничниот премин. При прегледот со мобилен скенер се воочени неправилности во покривната конструкција, каде се пронајдени разновиден златен накит и златни плочки во правилна и неправилна форма. Непријавената стока – злато со вкупна тежина од 13.304 грама е привремено задржана и предадена на Одделението за истраги за понатамошна постапка, се наведува во соопштението.
Дополнително, при личен претрес кај еден од возачите биле пронајдени и одземени непријавени 30.000 евра, за кои е изготвен записник за девизен прекршок.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар