Поврзи се со нас

Гостивар

Во Гостивар одбележан Светскиот ден на Ромите

Објавено

на

Со свечена Академија и подигнување на ромското знаме на јарболот пред општинската зграда, во Гостивар денес се одбележа Светскиот ден на Ромите 8-ми Април. Празнувањето го организираше ромската заедница од Гостивар, со поддршка на локалната самоуправа. Градоначалникот Арбен Таравари, упати честитка до Ромите за денешниот ден и нагласи дека сите надлежни институции треба да се заложат за надминување на проблемите во однос на дискриминација и маргинализација на ромското население.

„Гостивар треба да биде пример за државата и другите градови, како различните етнички заедници можат да градат соживот, да живеат заедно едни со други. Не верувам дека постои друг град во кој тој етнички баланс се одржува како во Гостивар. Сите знаеме дека вие Ромите како заедница генерално сте биле дискриминирани, но должност и на централната и на локалната власт е да делува во насока да нема маргинализација и дискриминација“, изјави градоначалникот.

Свое излагање пред присутните имаше и советникот од  Демократски сили на Ромите, Кашмир Салиу, кој меѓу другото се осврна на историското значење на 8-ми Април.

„Ова е голем ден и настан за нас Ромите и би сакал да ги запознаам и останатите граѓани со значењето на празникот. Од 8 до 12 април 1971 година во Лондон се одржал првиот Светски конгрес на Ромите, на кој присуствувале претставници од 14 земји во светот. На тој конгрес беа донесени неколку важни одлуки. Беше прифатено знамето кое е обележје на ромскиот народ и се состои од зелена боја која ја симболизира земјава, сина како симбол на небото и црвеното тркало, што ги претставува  миграциите на Ромите. Исто така, беа прифатени химната и јазикот на Ромите.“, рече советникот.

Салиу изрази задоволство од чинот на подигнување на ромското знаме пред општината, како и негово поставување на јарболите низ градот и побара да се разгледаат правните можности, знамето во иднина да биде поставено и во салата на Советот, заедно со останатите знамиња.

Прославата на 8-ми Април во Гостивар ќе продолжи вечерва со Ромски бал.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена