Вести
И во Гостивар се собираат потписи за подолго породилно
Граѓанската иницијатива за законски измени со кои ќе се продолжи породилното отсуство на мајките, бара поддршка и од граѓаните на Гостивар. Со давање потпис се поддржува барањето – родилките наместо девет, да можат да останат 18 месеци дома со своето бебе. Во Гостивар потписите се собираат во подрачната канцеларија на Министерството за правда. Оние кои сакаат да се потпишат, со себе треба да носат лична карта.
За да влезат предлог измените во собраниска процедура потребно е да се соберат 10.000 потписи. Собирањето потписи се спроведува низ целата земја и ќе трае до 7 октомври.
Граѓанските здруженија иницијатори на петицијата, сметаат дека девет месеци е премалку време за породилно на мајките, тие немаат каде да ги остават своите бебиња и дека мора да тргнат на работа токму кога им се најмногу потребни на своите најмили.
-Осумнаесет месеци е најиделно за детето, тогаш тоа е доволно психички созреано и може да се оддели од мајката, сметаат активистките.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград