Поврзи се со нас

Гостивар

Во Гостивар секојдневно расте бројката на заразени од грип – во земјава доминира свинскиот грип

Објавено

на

Грипот зема замав на гостиварското подрачје. Според последните податоци од Институтот за јавно здравје, пријавени се околу 600 граѓани со симптоми на грип. Во јануари неделно просечно заболуваа по 200 лица, а лекарите очекуваат активноста на вирусот да биде поголема овој месец. Тетово по број на заболени е веднаш после Гостивар со околу 360 случаи.

Извршените лабараториски анализи врз примероци земени од заболени пациенти, покажале дека во земјава доминира вирусот Х1Н1, познат како свински грип. Овој тип на грип започнува да се манифестира многу нагло, со висока температура, јаки болки во мускулите, зглобовите, главоболка, малаксаност. Потоа се јавуваат и проблеми со  респираторниот систем: засипнатост, кашлица, болки во грлото, а може да дојде и до воспалување на очите. Болеста обично трае од 5 до 7 дена.

Периодов во амбулантите низ Гостивар има и зголемен број на пациенти со настинки, вирози и инфекции на горните дишни патишта кои не предизвикани од грип. Во Диспанзерот за градни болести во гостиварската болница во јануари медицинска помош побарале над 400 лица.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена