Гостивар
Во Гостивар синоќа немало прекршување на полицискиот час
Гостиварци се покажуваат како дисциплинирани и одговорни во однос на почитувањето на забраната за движење. Така барем може да се оцени, според последните податоци од надлежните кои зборуваат дека ноќеска на гостиварска територија немало ниту едно прекршување на полицискиот час.
„Во периодот 31 март/1 април од 7 до 7 часот, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово ниту едно лице не ја прекршило одлуката за ограничено движење и нема лишени и задржани лица“, соопшти СВР Тетово.
Полицискиот час во работните денови важи за сите граѓани од 21 до 5 часот наутро. Дополнително младите до 18 години, не смеат да се движат до 12 часот напладне, додека постарите од 67 години имаат забрана од 11 часот до 5 часот.
За време на викендите полициксиот час е продолжен за сите и трае од 16 часот до 5 наутро.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар