Поврзи се со нас

Гостивар

Во Гостивар со грип заразени 20-тина лица, вакцини се` уште нема

Вирусот на грип веќе се појави меѓу гостиварци. Вкупната бројка од 21 заразен не е загрижувачка, но граѓаните треба да преземаат општи мерки на заштита за доброто на своето здравје, потенцираат лекарите.

„Граѓаните треба да козумираат што повеќе топли напитоци, витамни, пред се` Ц витамин, да јадат многу овошје и зеленчук, да избегнуваат места каде има голем број луѓе, затоа што во такви групи голем е ризикот да се пренесе болеста, која во близок контакт се пренесува од човек на човек. И секако, на хронично болните им препорачуваме редовно да ја примаат препишаната терапија и во случај на влошување на состојбата, да се јавуваат на лекар. Грипот треба да се сфати како сериозно заболување, кое може да даде сериозни компликации и да се преземат сите неопходни мерки на превенција“, вели прим. д-р Војислав Огњаноски, од епидемиолошката служба во Гостивар.

Иако претходно беше пракса вакцинацијата против грип да започне кон средината на октомври, годинава до сега вакцини не се пристигнати и се` уште нема имунизација.

Лани од компликации на грип во земјава починаа 20-тина лица.

Advertisement
Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!