Гостивар
Во регионот на Гостивар за корона се тестирани 97 лица, вчера биле земени 15 брисеви

На гостиварското подрачје, до сега за присуство на Ковид 19 биле тестирани вкупно 97 лица. По затворањето на епидемиолошката и микробиолошката служба, откако еден вработен таму доби позитивен резултат, пуштен е во функција привремен пункт за земање на брисеви и тој процес и натаму продолжува да се одвива непречено, информираше денес директорот на болницата Јакуп Јакупи.
„Тестирањето продолжува. Обезбедена е алтернативна просторија кај поранешна дијализа, и непречено се одвива земањето на брисеви за испитување на коронавирус. Во текот на вчерашниот ден, беа земени бриса од 15 пациенти. Ова е привремено решение, додека не се нормализира работата на епидемиолошката служба“, изјави Јакупи.
Во општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар се преземаат дополнителни засилени мерки за екипирање и заштита на медицинскиот персонал.
„Ги организиравме медицинските екипи да работат во смени, на начин да немаат контакти една група со друга, за да бидат заштитени самите, а со тоа и да нема никакви пречки во функционирањето на болницата, да може да се пружат максимално здравствените услуги на пациентите“, објасни директорот.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград