Поврзи се со нас

Гостивар

Во Италија се одржа 4-ти Ден на Скудриње – забава, спорт, песни и ора

Објавено

на

Манифестација којашто се одржа изминатиот викнед во Видор, Италија на едно место собра над 3.000 граѓани кои имаат корени од долнореканското село Скудриње. Станува збор за настанот 4-ти Ден на Скудриње, што го организира здружението “МакИтТурк”.

Во рамки на прославата, свој настап имаа играорните групи од О.У „Блаже Конески“ од Скудриње и од здружението „МакИтТурк“ заедно со познатата дебарско-мијачка група Мајовци, а дел од музичката програма беше и бендот „Огнени Момчиња“. Се одржаа спортски натпревари во мал фудбал и во шах. За љубителите на магионичарските трикови свое шоу приреди магионичарот Зулбеар Фетовски- “Maggo Zuber”.

„На овој празничен ден беа собрани сите скудринчани на едно место од повеќе земји како и гости од долнореканскиот и дебарскиот крај. Нареден настан ни е 5-ти Ден на Скудриње, кој ке се одржува во селото Скудриње на 14 август 2020 година. Секој добронамерен човек е добредојден на овие прекрасни забави и дружења.“, велат организаторите.
Здружението МакИтТурк (МакедонијаИталијаТурција), чиј претседател е Елмин Ибраимоски е формирано од млади жители Скудриње, со цел да ги спојува граѓаните од ова место, со своите сожители кои се раселени Италија и Турција.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена