Поврзи се со нас

Македонија

Во март скоро 32 илјади работници не добиле плата, во февруари 12.556

Објавено

на

    Плата за февруари во државата не зеле 12.556 работници, а за март 31.975 вработени лица, информира директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

    -За месец февруари 2023 година, обврска имале 69 059 работодавачи, за 554 237 вработени лица. Од нив, 61 520 ја платиле пресметката, а не ја платиле 2 403 за 4 991 вработено лице, а 5 136 работодавачи за 7 565 вработени воопшто немаат поднесено пресметка за плата за февруари. За месец март обврска да поднесат пресметки за плата имале 69.156 работодавачи за 555.161 вработени лица. Од нив, пресметката ја платите 56 073 работодавачи за 523 186 вработени. Поднеле пресметка, но не ја платите 7 367 работодавачи за 20 363 вработени, додека 5 716 работодавачи за 11.612 вработени се уште не поднеле пресметка за минатиот месец, рече Лукаревска.

    Според податоците на УЈП, речиси ист е процентот на исплатени плати од компаниите кои поднеле пресметка за плата во февруари годинава (67 проценти) со оној од февруари лани (66 проценти). Во март, тој процент е нешто поголем (71 процент) во однос на март лани (68 проценти).

    Согласно законскиот рок пресметка за плата се доставува до 10-ти во тековниот месец за претходниот, а рокот за исплата е до 15-ти во месецот. За фирмите кои не се придржуваат до роковите, следи опомена, па блокада на сметката.

    Управата за јавни приходи од почетокот на годината заклучно со 25 април извршила 1.522 контроли согласно Законот за контрола на готовински плаќања, при што кај 702 субјекти се утврдени неправилности, извести УЈП. Станува збор најчесто за неиздавање фискални сметки.

    Во координирана акција со Државниот пазарен инспекторат и МВР, направени се контроли кај 33 даночни обврзници што вршат производство на накит во Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Битола од кои двајца биле затворени, а кај 18 се констатирани неправилности со неиздавање сметки, некои, пак, воопшто не го регистрирале прометот.

    Инспекторите на УЈП направиле и контроли на Пластичарска улица при што во првата акција биле опфатени 30 субјекти, а кај 28 од нив се констатирани неправилности, пред се со неиздавање фискални сметки. Во март од 37 контролирани објекти неправилности се утврдени кај 25.

    Контроли по основ на фискални сметки биле спроведени и во јавни здрвствени установи при тоа во Скопје биле опфатени сите поликлиники при што кај четири биле утврдени неправилности со неиздавање фискални. Контроли се спроведени и кај 19 клиники во склоп на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, од кои неправилности се откриени кај четири, главно поради неиздавање на фискални сметки и една за неводење евиденција. Контроли биле спроведени и кај јавни здравствени установи во Кичево и Тетово, каде исто биле утврдени неправилности. Во Гостивар со контроли биле опфатени повеќе приватни здравствени установи. Од 16 субјекти кај два се најдени неправилности.

    Исплатата на „Мој ДДВ“, како што информираа од УЈП, ќе почне веднаш после празникот, за што се обезбедени околу 10 милиони евра за првото тримесечје.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Што, како, каде?!пред 3 недели

    Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!

    Македонијапред 2 недели

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Македонијапред 2 недели

    Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

    Гостиварпред 4 недели

    Гостиварец пријавен за напад врз поранешната сопруга и нејзините мајка и партнер

    Магазинпред 2 недели

    Цвеќиња кои треба да ги посеете оваа пролет во вашата градина

    Занимливостипред 3 недели

    Како да ги искористите силика гел пакетчињата во секојдневниот живот

    Рецептипред 4 недели

    Посен десерт со лесна и брза подготовка, а одличен вкус

    Светпред 6 дена

    Рускиот претседател Путин објави велигденско примирје – запираат сите воени операции

    Културапред 3 недели

    Гостивар во чест на моќта и безграничноста на стиховите – Поетски настан за Денот на поезијата

    Гостиварпред 3 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 3 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 7 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement
    Smartwatch

    Паметен часовник со USB

    ~611 ден
    Купи сега
    Полнач

    12V Батерија Полнач

    ~248 ден
    Купи сега
    Гланц крема

    Гланц крема за гума и браник

    ~146 ден
    Купи сега
    Држач

    Магнетен држач за телефон

    ~98 ден
    Купи сега
    Паста

    Паста за поправка на кожа

    ~125 ден
    Купи сега
    Слушалки

    Bluetooth слушалки

    ~260 ден
    Купи сега
    Selfie

    Селфи видео далечински

    ~173 ден
    Купи сега
    Лампа

    LED батериска лампа

    ~170 ден
    Купи сега
    Фустан

    Женски фустан

    ~489 ден
    Купи сега
    Дрон

    Дрон со далечинска контрола

    ~999 ден
    Купи сега
    Мемориска

    Micro SD мемориска картичка

    ~134 ден
    Купи сега
    Правосмукалка

    Правосмукалка за автомобил

    ~379 ден
    Купи сега
    Одвртувач

    Електричен одвртувач

    ~710 ден
    Купи сега

    Популарно изминативе 100 дена