Поврзи се со нас

Гостивар

Во Ниќифорово ќе се одбележат 100 години од раѓањето на Чеде Филиповски – Даме

Објавено

на

Во сабота на 29-ти јули 2023 година, со почеток во 10 часот, Ниќифорово ќе биде домаќин на посебен настан, одбележување на 100 години од раѓањето на еден од најголемите херои на Македонија, Чеде Филиповски – Даме.

Во програмата на одбележување на јубилејот предвиден е културно-уметнички дел, како и присуство и обраќање на највисокиот државен врв. По поздравниот говор ќе се обрати Претседателот на државата Стево Пендаровски како и министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска. Присутните ќе имаат можност да се потсетат на животот и делото на овој бестрашен борец во четири-годишната борба против окупаторот и домашните предавници, прикажан ќе биде краток документарен филм „Народен херој Чеде“, по што ќе следи настап на ГАКУД „Браќа Ѓиноски“, Владо Глигоровски и организирана посета на Спомен домот на Чеде Филиповски во родното Ниќифорово.

Организаторите со искрена гордост и задоволство ги повикуваат сите жители на мавровскиот крај, како и сите граѓани на Македонија да се приклучат и придонесат за што помасовно присуство во Ниќифорово со што и по еден век од раѓањето ќе испратат силна порака за почит кон ликот и делото на Чеде Филпоски – Даме.

За големиот народен херој од Ниќифорово, писателот Владо Малевски ќе запише:

Чеде го родија Митра и Русе Филиповски, а Даме го роди Револуцијата во окупирана Македонија

и ќе додаде:

Дамета го роди Мавровското поднебје. Го родија тагите и солзите печалбарски, го роди гордоста на правдољубивоста на планините, го роди гневот на генерациите против постојната сиромаштија, робувањето и експлоатацијата.

За „Даме“..

Чеде Филиповски е роден во 1923 година во село Ниќифорово. Детството и основното училиште го завршува во родното село. Веднаш потоа, по традицијата на сите свои соселани, на 14 годишна возраст оди на печалба во Белград, бил голем вљубеник и во скијањето. По нападот на германската фашистичка авијација на Белград, Чеде се враќа во својот роден крај, каде веднаш се приклучува во подготовките за ослободување на земјата и е еден од организаторите на НОВ во Мавровско-гостиварскиот крај. Тогаш, по славниот илинденец Даме Груев започнува да го користи партизанското име – Даме. Бригадата на чие чело стоел и Даме редела победи во Грција, Албанија, во Македонија, Богомила, Кичево, Дебар, Кленоец, Пресека, Дебарца, Локов, Брждани, Буковик, Вруток, планина Голак и Стогово, повторното ослободување на Кичево и Дебар завршувајќи го својот победоносен сон со ослободувањето на својот крај – Гостивар. Член бил на КПЈ и на МК на КПЈ (1941), член на РК на КПЈ за Маврово и раководител на Воениот штаб (1942), Секретар на Околискиот комитет на КПМ (1943), заменик политички комесар во Мавровско-гостиварскиот НОПО, командант на баталјон и заменик-командант на бригада (1943), заменик-командант и командант на 48. (македонска) дивизија на НОВЈ (1944). Бил делегат на Првото заседание на АСНОМ, како претставник од гостиварскиот крај. На истото заседание на списокот со народни претставници на АСНОМ за членови на АВНОЈ под реден број 3 бил избран и Чеде Филиповски (работник од Гостивар). Станал потпретседател на Главниот одбор на НОМС и член на Централниот одбор на УСАОЈ. По Ослободувањето завршил виша воена академија во Белград.

Загинува на 22 години кај Радовиш на 26 јуни 1945 година во сообраќајна несреќа, при судар на неговиот мотоцикл со автомобил возејќи од Штип за Струмица. За народен херој прогласен е на Илинден 1949 година.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Здравје и убавинапред 10 минути

Зачини кои го поттикнуваат согорувањето на калориите

Вестипред 12 часа

Работи што не треба да ги чувате во автомобил

Гостиварпред 13 часа

Четирицикл удрил во бетонски столб во Гостивар, повредени две лица

Македонијапред 15 часа

Вакцинација против сезонскиот грип од средината на октомври

Гостиварпред 16 часа

Клучевите во брава, вратите незаклучени – Крадци во Гостивар лесно украле „сузуки алто“

Гостиварпред 18 часа

Петгодишен јубилеј на YCC Гостивар: Работиме неуморно да ја зајакнеме младината и создаваме трајни позитивни промени

Македонијапред 18 часа

Платите на наставниците се зголемуваат за 15%

Гостиварпред 19 часа

Пешачете и возете велосипед, порака од „Ден без автомобили“ во Гостивар

Гостиварпред 21 час

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува

Гостиварпред 2 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 7 дена

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж

Гостиварпред 4 недели

Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче

Гостиварпред 3 недели

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ на Gostivarpress.mk со Велко Бобароски, претседател на Здружение на дијабетичари во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница

Гостиварпред 2 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 2 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 недели

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 1 месец

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 3 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена